Кирјос разочаран од финалето на Истокот во НБА, запали дрес на неговиот омилен Бостон селтикс (Видео)

Австралискиот тенисер Ник Кирјос, кој е голем фан на НБА-тимот Бостон селтикс, бил убеден дека Келтите ќе испишат историја и ќе станат прв тим кој во НБА-плејофот победил со 4-3 по негатива од 0-3, па разочарувањето по поразот од Мајами хит во мајсторката му било големо.

Кирјос рече дека помалку ќе болело ако биле елиминирани со 0-4 отколку вака, а кажа и кои играчи потфрлиле и веќе не треба да го носат дресот на трофејниот Селтикс.

Контроверзниот Ник на „Инстаграм“ покажа и како со запалка пали еден негов дрес на Бостон.

- Оглас -

Најнови вести