Кирјос со барање до Ѓоковиќ да си го исполни ветувањето!

Новак Ѓоковиќ стигна до нова титула на Вимблдон откако со 3:1 во сетови славеше над Ник Кирјос во финалето на англиската трева. За Србинот ова беше 21 Гренд слем титула, додека Кирјос во своето прво финалето во еден ваков турнир не стигна до тронот.

Овие двајца тенисери во изминативе неколку години беа „завојувани“ и често пати имаа вербални конфликти. Сепак, финалето во Вимблдон ги зближи и сега веќе може да се каже дека се и другари.

Пред финалето, двајцата тенисери се договорија дека победникот на Вимблдон треба да го почести поразениот со вечера. Кирјос не заборави на ова ветување, па реши преку социјалните мрежи да го потсети Ѓоковиќ.

„Каде е мојата вечера!!!!!!!“, напиша Кирјос ставајќи неколку извичници. Новак не чекаше долго време да даде одговор. „Извини пријателе. Се јавив во сите ресторани во Лондон и никаде немаше слободна маса во недела навечер. Во Њујорк че одиме на вечера на моја сметка“, одговори Србинот.

Овој одговор на Ѓоковиќ е посебно интересен ако се знае дека нема дозвола за влез во САД затоа што не е вакциниран против Коронавирусот. Очигледно дека Ноле верува дека работите може да се сменат до почетокот на последниот Гренд слем турнир кој ќе започне на крајот од август во Њујорк.

 

- Оглас -

Најнови вести