Кирјос со топче погоди дете и го расплака, а потоа направи потег за овации (Видео)

Ник Кирјос и Танаси Кокинакис се пласираа во полуфиналето на машиот турнир во двојки на Отвореното првенство на Австралија откако со 7:5, 3:6, 6:3 ги победија Германците Пуц и Венус.

Се играше првиот сет кога Кокинакис сервираше, а откако судијата ја прекина играта, лутиот Кирјос нервозно го удри топчето кон трибините. Топчето заврши директно во едно дете кое беше на трибината и од болка почна да плаче.

Публиката веднаш почна да негодува поради овој испад на домашниот тенисер, а Кирјос беше збунет. По неколку секунди, Кирјос зеде еден од своите рекети и му го подари на повреденото момче, изнудувајќи аплаузи за овој свој потег.

За среќа на домашниот пар, судијата реши да не го разгледа овој инцидент, затоа што Кирјос постапи неспортски и во нервоза го удри топчето кога не смееше. За сличен инцидент, Новак Ѓоковиќ пред две години беше исфрлен од гренслемот во САД, кога со топче ненамерно погоди во лицето на еден од линиските судии.    

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести