Кирјос пак лудуваше, Баутиста брзо го испрати дома (Видео)

Роберто Баутиста Агут лесно го декласира контроверзниот Ник Кирјос во првото коло на Отвореното првенство на САД и со победа од 3:0 за еден час и 40 минути се пласира во следната рунда.

Стандардно, Кирјос успеа да се искара со судијата, имаше забелешка дека никој од од момчињата покрај теренот не му носи пешкири, а и покрај тешкиот пораз од 6:3, 6:4, 6:0, успеа да приреди шоу со најубавиот потег на мечот.

Кирјос е познат по нескротливиот темперамент, што најчесто му пречеше во текот на кариерата да забележи поголеми успеси, а не отстапи од својот стил ниту на ова издание на Отвореното првенство на САД.

- Оглас -

Најнови вести