Кисело Бордо за капитенот, Петковиќ му ја одзеде лентата и го испрати во вториот тим

Владимир Петковиќ почна да презема драстични мерки во редовите на францускиот прволигаш Бордо, а настрада капитенот Лоран Кошќелни.

Петковиќ му ја одзеде капитенската лента и го прекомандува во вториот тим на Жирондинците, кои повторно имаат слаба сезона.

Кошќелни во 2019 година се врати во Франција по 10 години минати во Арсенал. Се очекуваше да биде големо засилување за Бордо, но сега настрада.

Владимир Петковиќ, кој одлично како селектор долго ја предводеше Швајцарија, нема ни приближно такви успеси во новиот клуб Бордо, каде што пристигна пред почетокот на оваа сезона.

Се очекуваше да го размрда тимот кој со шест титули во Франција е на шестото место на листата со најтрофејни клубови, но засега тешко му оди.

Бордо само со три победи во 20 кола и со 17 победи е на една позиција над опасната зона.

Тимот прими 44 гола, убедливо најмногу на половина од француското првенство во конкуренција на 20 клуба.

 

- Оглас -

Најнови вести