Кјелини: Мечот со Челзи ќе биде најлесен за нас

Капитенот на Јувентус, Џорџо Кјелини, изјави дека мечот со европскиот првак Челзи во Торино, всушност, ќе биде и најлесниот за Старата дама во овој период.

„Мечот со Челзи е најлесниот кој ќе го играме во последните недели. Лесно е да се подготвиш за ваков меч, притисокот е максимален. Првпат сезонава играме дома во ЛШ, против актуелниот шампион, и тоа е голема стимулација. Сигурен сум дека ќе одиграме добро, уверен сум дека сите во клубот посакуваат да одиграме силен меч. Бесмислено е да негираме дека Дибала нема да ни фали, тој е клучен играч за нас, но ние сме тим кој може да го надмине неговото отсуство. Располагаме со силен состав“, вели дефанзивецот на Бјанконерите.

Тренерот Масимилијано Алегри вели дека желба на тимот е да стигне до финалето и без разлика дали ќе стигнат до него, тоа ќе им остане како главна цел и амбиција.

- Оглас -

Најнови вести