Кјубан: Дончиќ и Порзингис 20 години ќе играат за Далас

Сопственикот на Далас маверикс, бизнисменот Марк Кјубан, рече дека планот му е младите европски ѕвезди Лука Дончиќ и Кристапс Порзингис, во наредните 20 сезони да играат за тимот од Далас.

Неодамна, Далас направи трампа со Њујорк никс и го донесе Летонецот Порзингис, кој нема да игра оваа сезона бидејќи се рехабилитира од тешката повреда која ја здоби точно пред една година. Во јули, Порзингис ќе биде слободен, а во Маверикс немаат дилема дали ќе му понудат да остане и да потпише повеќегодишен договор.

„Нашата намера е Лука и Порзингис да останат кај нас во следните 20 години“, рече Кјубан.

Порзингис се појавува на тренинзите на својот нов тим, но прави само полесни работи, како шутирање слободни фрлања. Тој одвај чека да почне наредната сезона и да заигра заедно со Словенецот со кого се знаат од времето кога играа во шпанската лига, а еден против друг играа на Евробаскетот 2017 година.

- Оглас -

Најнови вести