Клајбурн со „два плус еден“ им донесе победа на Армејците против Фенербахче (Видео)

ЦСКА го совлада Фенербахче во Истанбул со 78-77 во најдраматичниот денешен натпревар во кошаркарската Евролига. Гостите победија со кош на Вил Клајбурн на 11 секунди до крајот на продолжението, и тоа поентираше под фаул, па Американецот го погоди и дополнителното слободно фрлање. Фенер имаше напад за победа, но Лоренцо Браун не погоди.

Клајбурн со 26 поени беше прв стрелец на средбата, а кај Фенер најефиксен беше Нандо Де Коло, некогашната ѕвезда на ЦСКА, со 21 поен.

Во Евролигата завршија уште два меча, Баерн Минхен со личен евролигашки рекорд од 26 поени на Владимир Лучиќ триумфираше во Тел Авив против Макаби со 85-82, додека Олимпијакос дома победи против Милано со 86-75, а во моментов во Мадрид играат Реал и Химки. Сега единствен непоразен тим сезонава е Жалгирис кој има биланс 3-0.

Ова е потегот со кој Клајбурн му донесе победа на рускиот тим:

- Оглас -

Најнови вести