Кларксон дефинитивно е џезер – Јута му плати 52 милиони долари за 4 години

Џордан Кларксон имаше кус престој во Кливленд кавалирс, клуб кој се согласи дефинитивно да и го отстапи бекот шутер на Јута џез. Кларксон кој е еден од најдобрите резерви во НБА, или популарно секогаш меѓу топ-кандидатите за најдобар шести играч се согласи да потпише четиригодишен договор со Јута за сума од 52 милиони долари.

Јута направи одличен потег со задржувањето на Кларксон и ќе има моќна предна линија со ѕвездите Донован Мичел и Мајк Конли, па клубот има највисоки амбиции.

Кларксон има 28 години, а настапуваше уште и за Лос Анџелес лејкерс и тоа цели четири години на почетокот на НБА кариерата.

Во осум сезони просекот на поени му е 14.8, а најдобар ефект имаше во втората од трите сезони минати вои Кливленд со 16.8 поени по меч.

 

- Оглас -

Најнови вести