Класата е вечна, Буфон е несовладлив и на 43 години (ВИДЕО)

Џанлуиџи Буфон продолжува да брани во одлична форма и на 43 години. Легендарниот чувар на мрежата, кој по повеќе од две децении се врати во Парма, со неколку импресивни интервенции го сочува својот гол во победата над Беневенто од 1:0. Стрелец на единствениот погодок беше Романецот Валентин Михаила во 97-мата минута.

Иако е во петтата деценија од животот, Буфон покажа одлични рефлекси во неколку наврати, па така сега се поставува прашањето дали челниците на Јувентус згрешија што не му го продолжија договорот, со оглед на настапите на првиот голман Војчех Шченсни. По две одиграни кола, Парма има 4 бода и се наоѓа на делба на седмата позиција во италијанската Серија Б лига.

https://www.youtube.com/watch?v=4b90wzOQVcs

- Оглас -

Најнови вести