Класата е вечна, најубавиот потег на Италија – Велс го имаше селекторот Манчини (Видео)

Репрезентацијата на Италија има серија од 30 натпревари по ред без пораз, има 11 победи по ред без примен гол, бележи одлични резултати и на ова Европско првенство, а голема заслуга за овие резултати има и селекторот Роберто Манчини.

Манчини, кој е играчка легенда на Сампдорија, а играше и за други големи клубови со кои освојуваше трофеи, денеска на „Олимпико“ покажа дека е голем мајстор на фудбалската игра. Во еден момент топката отиде аут токму каде што стоеше Манчини, топката замина зад него, а тој без да ја гледа, ладнокрвно ја шутна со петата.

https://www.youtube.com/watch?v=2AwWvAvvUm8

- Оглас -

Најнови вести