Класата на Ферги се вознемири од дебаклот – Евра се расплака среде емисија (Видео)

Патрис Евра многу тешко го доживеа поразот на Манчестер јунајтед од 1:6 против Тотенхем и видно вознемирен се расплака среде емисија.

Поранешниот десен бек од шампионската класа на Сер Алекс Фергусон не е навикнат на вакви порази, па дури и најави дека ќе си замине од студиото на Скај спортс, чиј стручен аналитичар е за натпреварите од Премиер лигата.

„Ова е премногу тешко за мене. Не знам што се случува со мојот клуб. По заминувањето на Фергусон почна падот на Манчестер јунајтед и тоа сè уште трае. Ги менуваме тренерите, но сега ми се чини дека Оле и не е виновен. Јас сум оптимист, но по пораз од 1:6 нема многу место за оптимизам. Ме разочарува односот на играчите на теренот и ова е далеку, многу далеку од реномето на клубот“, коментираше Евра.

Патрис играше за Манчестер јунајтед од 2006 до 2014 година и освои пет шампионски титули во Англија, еден пехар во Лигата на шампионите и во богатата колекција во кластерот Манчестер јунајтед има уште 3 трофеи во Лига купот, четири во Комјунити шилд и една на Светскиот клупски куп.

По заминувањето на Фергусон и неговата шампионска класа Црвени ѓаволи, клубот нема ниту една титула во англиското првенство.

- Оглас -

Најнови вести