Класика на стартот кај жените: Вилијамс – Шарапова е ривалство кое трае 15 години

Дуелот меѓу Серена Вилијамс и Марија Шарапова вечерва е само како најава за возбудливо Отворено првенство на САД во женска конкуренција. За разлика од мажите, кај девојките секогаш неизвесноста е поголема и има повеќе изненадувања. Вилијамс и Шарапова се вистински симбол на женскиот тенис во изминативе две децении. Имаат ривалство кое трае повеќе од една и пол деценија.

Вилијамс во кариерата има освоено рекордни 23 гренд слем турнири. Оваа година се навршуваат точно две децении откако првпат кога триумфираше на Отвореното првенство на САД, што беше и нејзин прв трофеј на гренд слен турнир. Шарапова во кариерата има пет гренд слем трофеи, но, сепак, кога игра против Серена, речиси редовно губи.

Ова ќе биде нивен 22-ри меѓусебен дуел, а Американката има дури 19 победи досега. Серена моментно е на осмото место на ВТА-листата, додека Русинката е на 87-мо место.

Двојките од првото коло на женскиот дел од Отвореното првенство на САД може да ги видите на Sport Life. 

 

- Оглас -

Најнови вести