Класика во „Дер класикер“, Дортмунд блиску, а сепак немоќен против Баерн (Видео)

Германскиот и европски првак, Баерн Минхен, како гостин победи на „Дер Класикер“ дербито против Борусија Дортмунд со 3-2, и се врати на првото место на бундеслигашката табела.

Роберт Левандовски даде гол за пресврт и 2-1 во третата минута од второто полувреме, и го круниса својот 300-ти настап во дресот на баварскиот гигант. Полјакот во Баерн дојде од Дортмунд, а сега има постигнато 17 гола против својот поранешен клуб. Левандовски на 300 меча за Баерн има дадено 259 гола. Вечерва на Лева му беа и поништени два гола.

На 30-ти септември во суперкупот на Германија, Баерн победи во Дортмунд со 3-2, а и вечерва беше истиот резултат.

Лоша вест за Баерн е повредата на бекот Џошуа Кимих кој мораше да излезе во првото полувреме. Ова е голот на Лерој Сане со кој Баерн поведе со 3-1:

https://twitter.com/i/status/1325154458280587264

- Оглас -

Најнови вести