Клаудио Раниери прослави двоен јубилеј на еден меч

Клаудио Раниери е еден од најстарите активни тренери во најсилните лиги во светот. Докажаниот италијански стратег неуморно работи и на 72 години и тоа како тренер на Калјари во Серија А.

На денешниот меч на домашен терен, Калјари одигра 1:1 против Монца, а Раниери прослави два јубилеи. Ова беше 450-ти натпревар за тренерот како седи на меч од Серија А, а се израдува на освоениот 700-ти бод.

Иако најголем дел од кариерата ја помина работејќи во италијански клубови, Раниери најголемиот успех го постигна додека беше во англискиот Лестер, кога во 2016 година на неверојатен начин го предводеше клубот до историска титула во Премиер лигата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести