Јирген Клинсман го враќа ударот и го обвини раководството на Херта дека не знае како се води голем клуб каков што е бундеслигашот од Берлин.
Клинсман беше тренер на Херта, но си замина, па потоа почна војната на релација со генералниот менаџер Михаел Прец. Клинсман беше обвинет дека за 76 дена, колку што беше на кормилото на Херта, потрошил 76 милиони евра на засилувања, но и тоа беше без ефект.
Си замина експресно, што ги налути челниците на Херта, кои го стопираа планот поранешниот германски и американски селектор и голема фудбалска ѕвезда во својата играчка ера да биде нов генерален менаџер од јули годинава.
„Клубот го водат луѓе без стил и без харизма. Се инсистира само да се купуваат нови играчи без вистинска стратегија. Сега во тимот има многу квалитетни фудбалери, кои се заситени и не можат да го пружат максимумот. Овие луѓе треба што побрзо да заминат бидејќи немаат фудбалска култура“, вели Клинсман.
Херта веднаш по неговото заминување забележа победа против Падерборн со новиот тренер Александер Нури, но потоа следуваше вистински потоп на домашен терен против Келн и пораз од 0:5.