Клиперс играат со четворица кошаркари, Далас за полувреме ги понижи со страшна предност од 50 разлика

Лос Анџелес клиперс, кој е еден од фаворитите за титулата во НБА, преживува тешка ноќ и вистинска драма во првото полувреме против Далас маверикс и губи со неверојатни 27:77.

Домаќините играат без првата ѕвезда Кавај Ленард, но и тоа не е алиби за катастрофалниот настап и мизерните 24 минути против Маверикс.

Едвај во двете четвртини ја минуваа границата од 10 поени и постигнаа 13, односно 14 поени, што е сензационално лош ефект за Клиперс, кои важат за топ-фаворити во Западната конференција.

Колку играа лошо, покажува податокот дека само четворица кошаркари кај Клиперс успеаја да постигна поени од вкупно 10, колку што имаа минутажа во првото полувреме.

 

 

- Оглас -

Најнови вести