Клиперс не се навикнати да бидат први на Западот, на Истокот ништо ново

Од седумте натпревари кои се играа во НБА-лигата рано утрово, само на два победија домашните екипи, и тоа Бостон против Атланта и Мајами во дуелот со Сан Антонио. Како гости славеа Торонто, Кливленд, Голден стејт, Њу Орлеанс и Детроит.

Дербито беше во Лос Анџелес, каде што Клиперс како лидери на табелата на Западот, ги пречекаа Пеликанс. Но, Клиперс веднаш се лизнаа, загубија со 106-117, па падна дури на четврто место со скор 34-16. Една победа повеќе имаат Оклахома сити, Минесота и Денвер, кои го делат првото место со по 35-16. За Њу Орлеанс тоа беше четврта победа во низа.

Првото место во Источната конференција цврсто го држи Бостон селтикс, кој предводен од Кристапс Порзингис и Ал Хорфорд, триумфира над Хокс со 125-117. Летонецот Порзингис даде 31 поен и беше прв стрелец, а Доминиканецот Хорфорд, кој има 37 години, стана најстариот играч во историјата на НБА со над 10 поени, по осум скока и асистенции, четири блокади и четири погодени тројки на еден меч.

Кливленд дојде и до седмата победа по ред, па втор е на Истокот, а најслабиот тим во лигата, Детроит пистонс, изненади со одлична игра во последната четвртина и победа на гостувањето во Сакраменто со 133-120. Џејден Ајви со личен рекорд од 37 поени ги предводеше Клиповите до седмата победа во 50-тиот нивен меч сезонава.

- Оглас -

Најнови вести