Клиперс се селат од „Стејплс центар“ – Балмер ќе го купи легендарниот „Форум“ за 400 милиони долари

Извршниот директор на Мајкрософт и сопственик на Лос Анџелес клипрес, Стив Балмер објави дека ќе го купи легендарниот „Форум“ сала што беше дом на Лос Анџелес лејкерс со 1999 година.

Цената е околу 400 милиони долари, а интересно е што моментно сопственик на легендарната сала е сопственикот на Њујорк никс, Џејмс Долан.

Тој долго одбиваше да му го продаде „Форум“ на Балмер, но сепак според информациите на американските медиуми, но и на самиот газда на Клиперс договор е постигнат.

„Знаеме дека се тешки времиња, но веруваме и вложуваме во иднината“, изјави Балмер. Тој го убеди Долан дека нема да го урне Форум, туку дека легендарниот објект ќе остане како атракција, а ќе гради нова сала со 18.500 места непосредно до него.

Новиот дом на Клиперс би требало да биде готов до 2024 година, до кога е и договорот за користење на „Стејплс центар“, каде моментно домашните мечеви ги играат и двете НБА екипи од Лос Анџелес.

- Оглас -

Најнови вести