Клонот на Иниеста му ја врати насмевката на Меси (видео)

Производот на „Ла Масија“, Педри, во победата на Барселона над Атлетик Билбао со 3-1 стана најмладиот фудбалер (18 години и 42 дена) во историјата на Ла Лига кој во еден меч запиша погодок и асистенција, притоа блескаше на теренот на „Сан Мамеш“ и доби доста позитивни критики.

Не само што Педри покажа дека е играч за големи нешта, неговата врска со капитенот Лионел Меси на теренот функционираше перфектно, што дури побуди сеќавања во периодот кога Аргентинецот слично дејствуваше покрај Андрес Иниеста.

Педри по овој меч го означија како клон на Иниеста, а доколку продолжи да пружа одлични партии во текот на сезоната, може да биде причина околу останувањето на Меси на „Камп ноу“.

Само за четири месеци, Педри експлодираше во дресот на Каталонците, со што му се крена цената на трансфер-пазарот до 50 милиони евра, колку што моментално вредат Еден Азар и неговиот соиграч Филипе Кутињо.

https://www.youtube.com/watch?v=Em-ORo2Yrl8

- Оглас -

Најнови вести