Клоп: Ако Златан не играше во Манчестер, може ќе го донесевме во Ливерпул

Ливерпул можеше да го донесе Златан Ибрахимовиќ во зимскиот преоден рок доколку Швеѓанецот во минатото не играл во Манчестер јунајтед, вели менаџерот на европскиот првак Јирген Клоп. Ибрахимовиќ од вчера и официјално е слободен играч, а повеќе европски гиганти се заинтересирани за неговите услуги.

„Ако не играше за Манчестер јунајтед, тогаш може и да помислевме да го доведеме. Освен тоа, речиси сум сигурен дека и тој би сакал да игра за нашиот тим. Јас многу го почитувам Златан. Има одлична кариера и е многу квалитетен играч. Се надевам дека нема да ја заврши кариерата сега. Кога ќе реши да се повлече, ќе им фали многу на сите фудбалски фанови“, вели германскиот стратег.

Златан играше во Лос Анџелес галакси, а со посебна порака се прости од навивачите во САД, но не откри каде ќе ја продолжи кариерата.

 

 

- Оглас -

Најнови вести