Клоп: Дембеле е на продажба? Заинтересиран сум!

Ливерпул зимава би платил 85 милиони за Усман Дембеле од Барселона и би го соборил клупскиот рекорд за највисока оштета. Тренерот Јирген Клоп рече дека 21-годишниот Французин е добредојден во Ливерпул, со што тимот би си ги зголемил шансите за титула во Премиер лигата.

Дембеле не е среќен во Барселона, а и тренерите не го обожуваат бидејќи доцни на тренинзи и измислува болести. Но, ако Барса реши да се ослободи од недисциплинираниот талент, за кого плати дури 135 милиони фунти, Ливерпул ќе го прибере во своите редови.

„Дембеле е на продажба? Е, сега сум заинтересиран за него“, рече Клоп, кој сака да ја засили конкуренцијата во нападот, во којшто сега главен збор имаат Салах, Мане и Фирмино, како и новодојдениот Шаќири.

Ливерпул не штеди пари, потроши 177 милиони фунти за Ван Дајк, Алисон и Наби Кејта, но не се задоволува со тоа.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести