Јирген Клоп диригира, а цел состав на Ливерпул му отпеа роденденска песна на Стивен Џерард, голема легенда на англискиот клуб.
Популарниот Стиви Џи денеска наполни 40 години, а Клоп и неговите избраници на тренинг во „Мелвуд“ му подготвија пријатно изненадување.
https://twitter.com/LFC/status/1266712819887677442?s=20
Ова само ја потврдува убавата атмосфера во клубот што чека домашна титула цели 30 години и сезонава е многу блиску да го прекине постот.
Ливерпул нема пехар во Англија, откако се промовираше Премиерлигата во сезоната 1992/93, а вкупно има 18 трофеи и е само зад рекордерот Манчестер јунајтед.
Првенството во Англија би требало да продолжи на 17. јуни, а Ливерпул со 25 бода предност пред Манчестер сити е на прагот на 19. титула.
Интересно е што Стивен Џерард не успеа со Ливерпул за 17 сезони како играч на Црвените од „Енфилд роуд“ да освои пехар наменет за шампионот на Англија.