Клоп е реален: Мора да признаеме, подобриот тим оди понатаму

Ливерпул стана омилена жртва на Реал Мадрид во Лигата на шампионите, посебно откако на клупата на Црвените седи Јирген Клоп.

Кралевите вчера славеа со 1:0 во реванш-натпреварот од осминафиналето во ЛШ и по четврти пат во последните шест години излегоа како победници во дуелите со Ливерпул.

Реал Мадрид го победи Ливерпул во две финалиња во ЛШ, минатата година (1:0) и во 2018 (3:1), а во 2021 година беше подобар во четвртфиналната пресметка (0:0, 3:1).

„Вистинскиот тим оди понатаму, мора да го признаеме тоа. Реал го контролираше натпреварот, тоа не беше нешто што го посакувавме, но… Реал беше подобар тим, во три од четири полувремиња од двомечот беа подобри од нас. Дури и во првиот натпревар да ремизиравме, со ваква игра каква што ја прикажавме во реваншот, најверојатно ќе испадневме. Се подготвувавме за нешто специјално, но не го прикажавме тоа“, изјави Клоп.

 

- Оглас -

Најнови вести