Клоп им испрати јасна порака на ривалите

Јирген Клоп беше задоволен од прикажаното на својата екипа во убедливата победа од 3-0 на гости кај Арсенал, со која Црвените се приближија кон топ 4 местата во Премиер лигата.

Актуелниот англиски првак нанижа две гостински победи и дојде на само два бода заостаток зад четвртопласираниот Челзи, по што германскиот стратег испрати јасна порака до ривалите.

„Мора да покажеме дека навистина се бориме. Мислам дека ова беше важна порака која ја пренесовме. Нашата ситуација е прилично јасна, со сите неспогодби со кои се соочивме и кои не можеме да ги контролираме, ние целиме на позитивни резултати. Ние мора да победуваме и да им вршиме притисок на ривалите, а останатите да губат, засега успеваме во тоа“, посочи Клоп.

Ливерпул сега е петти на табелата со 49 бода, Челзи има 51 бод на осум кола до крајот на англиското првенство.

- Оглас -

Најнови вести