Клоп истакна кој играч на Ливерпул го воодушевувал, не е ни Салах, ни Мане

Германскиот тренер Јирген Клоп, кој моментно е невработен по разделбата со Ливерпул, сега се посветува на одмор со сопругата и намалување на притисокот кој го носи работењето во премиерлигашот, но има време да гледа натпревари и да прави интервјуа.

Во едно од последните интервјуа, Клоп зборуваше за играчот кој најмногу го импресионирал додека беше на „Енфилд“. И тоа не е Мохамед Салах, ниту Садио Мане, туку Трент Александер-Арнолд.

„Сакам видеа со хајлајтс, а едно од Александар-Арнолд е неверојатно затоа што не треба да гледате голови, туку само негови додавања. Погледнете ги само промените во играта кои тој ги прави. Се прашувате како е можно? И јас можам додавам, но не така“, вели Клоп за играчот кој во негово време од младинскиот се префрли во првиот тим на Ливерпул.

Клоп се потсети на моментот кога го видел Трент како тинејџер и што мислел тогаш за него.

„Се сеќавам дека Трент беше брилијантно момче, но не беше физички подготвен, па секогаш моравме да го замениме по 60 минути. Но, тој се разви и во оваа област“, ​​додаде Клоп.

- Оглас -

Најнови вести