Клоп ја искритикува управата на Борнмут и застана во одбрана на колегата кој беше избркан

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, жестоко удри по раководството на премиерлигашот Борнмут, со кое не се согласува дека требало да го разрешат неговиот колега Скот Паркер. Паркер доби отказ по катастрофата од 0-9 против Ливерпул на Клоп.

Пред овој дебакл, Црешите губеа и од уште два силни противника, Манчестер сити и Арсенал, па Паркер, кој ги внесе во Премиер лигата, беше сменет.

„Бев изненаден кога слушнав. Паркер одличен менаџер, но погледнете против кого играше во првите четири кола. Сфатив дека многу е важно какви газди на клубот имаш. Имаме три нови премиерлигаши, Нотингам форест троши пари, Фулам прави добри работи, но за Борнмут не можам да се сетам дека газдите нешто сторија за да се засили тимот. Тешко е кога ќе влезеш во Премиер лигата, а уште на стартот треба да играш со Сити, Арсенал и Ливерпул“, рече Клоп.

- Оглас -

Најнови вести