Клоп: Ќе играме за украинскиот народ, Русија треба да се замисли зошто финалето не е таму

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, финалето на ЛШ му го посвети на народот на Украина кој неколку месеци е нападнат од Русија.

Финалето на Лигата на шампионите требаше да се игра во Санкт Петербург, но токму поради санкциите кон Русија за агресијата врз Украина, УЕФА го пресели финалето во Париз.

„Војната уште трае и треба да се замислиме околу тоа. Финалето ќе се игра, но тоа што не сме во Санкт Петербург, е пораката која Русија треба да ја прими: Животот продолжува, дури и кога се обидувате да го уништите. Ова финале ќе го играме за сите луѓе во Украйна. Сигурен сум дека некои луѓе во Украина ќе можат да го гледаат мечот, и нека знаат дека ќе играме за нив, со 100 проценти од силите“ – рече Клоп.

- Оглас -

Најнови вести