Клоп ќе мора да ги пакува куферите, ако Роџерс потпише за Евертон!

Јирген Клоп, кој е фокусиран на трката за освојување на титулата во Премиер лигата, може да се најде во неочекуван проблем. Можно е да мора да се исели од куќата во која моментало живее. Тоа би се случило ако на клупата на Евертон биде назначен Брендон Роџерс.

Роџерс, кој досега го водеше тимот на Селтик во Шкотска, даде отказ за да може да работи во Англија. Најверојатно е дека Роџерс ќе седне на клупата на Лестер, каде што отказ доби Клод Пуел. Сепак, според некои шпекулации, можно е Роџерс да биде назначен и за тренер на Евертон.

Доколку Роџерс дојде во Евертон, тоа може да биде проблем за Клоп. Како? Куќата во која мометално живее Клоп е во сопственост на Роџерс.

„Сè е добро додека не дојде Роџерс во Евертон. Ако тоа се случи, веројатно ќе морам да се иселам бидејќи претпоставувам дека Роџерс ќе сака да си живее во својата куќа“, објаснува Клоп.

Во најскоро време ќе се знае за тоа каде Роџерс ќе ја продолжи тренерската кариера, ама речиси сигурно тоа ќе биде во Лестер, па Клоп нема да мора да ги капува куферите и дополнително да се замара со работи кои немаат врска со фудбалот.

Роџерс си ја купил куќата во Ливерпул во времето кога беше на клупата на гигантот од „Енфилд роуд“, во периодот од 2012 до 2015 година.

 

- Оглас -

Најнови вести