Клоп: Кога го запознав, беше како да го запознав папата

Јирген Клоп сосема заслужено ја доби наградата за најдобар тренер во Англија предводејќи го Ливерпул до остварување на сонот, а тоа е остварување на титулата во Премиер лигата. Трофејот што Клоп го доби го носи името „Сер Алекс Фергусон“ во чест на најтрофејниот менаџер во британскиот фудбал.

Токму Сер Алекс Фергусон беше со најоригинална честитка до Клоп за освојување на наградата. „Ќе ти простам што ме разбуди во 3:30 часот наутро за да ми кажеш дека ја освои титулата“, рече Фергусон.

Клоп има само пофални зборови за Фергусон, иако тој речиси 30 години беше на чело на најголемиот ривал на Ливерпул, Манчестер јунајтед.

„Знам дека не е 100 отсто примерно затоа што сум тренер на Ливерпул, но јас му се восхитувам на Фергусон. Среќен сум што тој беше првиот британски тренер кого го имам запознаено. Не знам колку тој се сеќава на нашата прва средба, но јас многу добро се сеќавам затоа што тоа беше како да сум го запознал папата“, вели Клоп за Фергусон.

- Оглас -

Најнови вести