Позаслужено здравје – Клоп го доби трофејот „Сер Алекс Фергусон“ (Фото)

Очекувано и без никаква дилема, Јирген Клоп е избран за најдобар менаџер во Премиер лигата за сезоната 2019/20 во изборот на Асоцијацијата на професионални тренери, ЛМА.

Германецот по пауза од 30 години, го предводеше Ливерпул до титула во англиското првенство, прва откако е именувана како Премиер лига и вкупно 19-та за Црвените од „Енфилд роуд“.

Трофејот „Сер Алекс Фергусон“ очекувано се најде во богатата колекција на еден од најдобрите фудбалски тренери на светот, кој моментно со Ливерпул е актуелен англиски, европски и светски првак.

За Клоп ова нема да биде единственото признание бидејќи има уште еден ваков избор што го организира Лигата, а се очекува да се прогласат најдобрите менаџери во сите англиски лиги.

Познато е дека и Марсело Бјелса, тренерот на Лидс, за којшто игра нашиот репрезентативец Езџан Алиоски, ќе ја добие наградата за најдобар менаџер во Чемпионшип лигата.

Клоп сигурно ќе конкурира и во сите можни избори за најдобар менаџер во сезоната 2019/20.

- Оглас -

Најнови вести