Ливерпул водеше со 4:0, а Клоп на полувремето ги карал играчите дека мора да играат подобро

Јирген Клоп со победата над Манчестер јунајтед испиша две истории. Тој стана тренерот на Ливерпул кој му го задал најтешкиот пораз на Јунајтед на „Олд Трафорд“, а воедно е и стратегот кој најбрзо успеал да стигне до 200 радости како предводник на гигантот од „Енфилд роуд“.

Германскиот стратег признава дека бил изненаден од победата од 5:0, а откри нешто интересно. На полувремето од средбата, кога Ливерпул водеше со 4:0, од своите играчи барал да играат подобро.

„Дали го очекував ова? Сигурно не. Сепак, фантастично е како ги притиснавме во последната третина од мечот. Постигнавме фантастични голови. Започнавме многу добро, но потоа како да сопревме во еден дел. Затоа на полувреме на моите играчи им реков дека мора да играат подобро. Тие мои совети очигледно беа добри затоа што брзо дадовме и петти погодок, а потоа мечот заврши. До крајот на средбата ја контролиравме играта и не сакавме да постигнуваме уште голови туку да се обидеме играчите да останат неповредени“, рече Клоп по неверојатната победа над Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести