Клоп најави дека Ливерпул може дополнително да се засили

Ливерпул синоќа одигра контролен меч против Атлетик Билбао, а резултатот кој беше во втор план, на крајот беше 1:1. Англискиот тим поведе со голот на Жота во 13 минута, а Атлетик возврати на почетокот од вториот дел, кога прецизен беше Беренгур.

Тренерот на Ливерпул на овој меч стартуваше со играчите кои најголемиот дел ќе му бидат стартери во новата сезона. Салах, Мане и Жота беа во нападот, Алисон на голот а во одбраната главен беше Ван Дајк. Капитенот Милнер и Кеита ја контролираа средината од теренот.

Во вториот дел, Клоп направи пет измени, додека Атлетик направи комплетна замена на играчите кои беа на теренот. Во летниот преоден рок Ливерпул засега го доведе само Ибрахим Конате од Лајпциг за 35 милиони фунти, а Клоп најави дека е можно да има уште некое засилување.

„Задоволен сум од екипата која ја имам, но тоа не значи дека не го следиме пазарот. Можно е до крајот на преодниот рок да се случи да доведеме уште некој играч“, рече Клоп по дуелот со Атлетик Билбао.

Ливерпул во првото коло од Премиер лигата, в сабота ќе гостува кај Норич.

 

- Оглас -

Најнови вести