Клоп не е како Сари, ќе го „убиеше“ Хендерсон што не му подаде рака (Видео)

Одбивањето на голманот на Челзи, Кепа, да излезе од теренот за време на мечот против Манчестер сити не беше единствениот инцидент кој вчера се случи помеѓу тренер и играч во Англија. На дербито меѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул во незгодна ситуација се најде и стратегот на гостите Јирген Клоп.

Менаџерот на Ливерпул реши во 72-рата минута од игра да го извади капитенот Џордан Хендерсон и на негово место да го внесе Џердан Шаќири. При излегувањето од теренот, Клоп му подаде рака на играчот, а овој само помина без да се поздрави.

На оваа реакција на капитенот, веднаш реагираше Клоп и му одржа лекција за тоа како треба да се однесува, а потоа Хендерсон му подаде рака на својот тренер. Едноставно, германскиот стратег не сака да ги испушти работите од контрола како што го направи тоа Сари во Челзи.

https://twitter.com/i/status/1099777267142582272

 

- Оглас -

Најнови вести