Клоп: Не е реално да очекуваме да играме во ЛШ следната сезона

Ливерпул со 1:0 го победи Фулам и ја продолжи одличната серија победи на гигантот од „Енфилд роуд“. За Ливерпул ова е петта победа во последните пет кола во Премиер лигата и сега е само нас четири бода од Манчестер јунајтед, кој е на четвртото место на табелата.

Според актуелната ситуација, Ливерпул има 59 бода од 34 меча, Манчестер јунајтед е со 63 бода од 32 натпревари, а Њукасл е со 65 бода од 33 средби. Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, не е оптимист околу трката за пласман во Лигата на шампионите.

„Не верувам дека тоа е реална опција, но не е ни многу важно сега. Има многу комбинации. Доколку Њукасл и Манчестер јунајтед ги добијат нивните натпревари, тогаш нема да имаме никакви шанси. Тука е и Брајтон, кој доколку победи на сите средби до крајот, ќе биде пред нас. Нам ни останува да се фокусираме на нашите средби и да продолжиме да победуваме, па да видиме каде ќе завршиме на крајот. Сега е најважно да продолжиме во ист ритам“, вели Клоп.

Вечерва се игра едно дерби во трката за ЛШ, каде што Брајтон е домаќин на Манчестер јунајтед.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести