Клоп: Не ми се допаѓа стилот на игра на Атлетико Мадрид

Шефот на стручниот штаб на Ливерпул, Јирген Клоп, призна дека не е фан на стилот на игра на Атлетико Мадрид, но има безрезервна почит кон шпанскиот првак. Црвените утревечер се среќаваат со Јорганџиите во првиот од двата нивни меѓусебни дуели во Лигата на шампионите, а според Клоп, 6 бода од двата меча со Атлетико ќе значат сигурно осминафинале за Ливерпул.

„Ако ги добиеме двата меча против Атлетико, тоа веројатно ќе значи дека сме во следната фаза. Минатиот пат ги загубивме и двете средби со нив, знаеме дека ќе имаме тешко гостување. Научивме многу од тие два меча. Тие имаа некои промени во составот, но сигурно не се послаби од тогаш. Ние никогаш не правиме разлика меѓу домаќинствата и гостувањата, иако со повеќе задоволство играме пред нашите фанови. Не ми изгледа многу веројатно дека ќе ја продолжиме серијата барем од три гола на секој меч“, изјави Клоп.

По поразот од Атлетико во осминафиналето на ЛШ во март 2020 година, Германецот го обвини Атлетико дека не игра вистински фудбал.

„Тоа кое го кажав тогаш беше по реваншот. Бев тажен и разочаран од многу работи. Противникот е од светска класа и се бранеше со сите возможни сили. Имам огромна почит кон тоа што го прават. Дали ми се допаѓа? Не многу, но тоа сум јас. Сакам поинаков тип на фудбал. Најважно е дали имаш резултат и успеси, а Атлетико ги има“, коментира Клоп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести