Клоп: Не мислам на Меси, сега имаме друга работа

Откако беа убедливи против Порто, „црвените“ од Ливерпул се пласираа во полуфиналето во Лигата на шампионите, каде што за ривал ја имаат Барселона, тоа е спектакл во најава, а англискиот тим е единствениот кој втора сезона по ред е полуфиналист бидејќи другите три лански полуфиналисти сега веќе се во аут.

„Фала му на Бога што не морам уште вечерва да размислувам за Меси. Никој досега не успеа да го запре, но ќе се обидеме. И за Кутињо и Суарес тоа ќе бидат посебни мечеви, бидејќи во минатото играа за нас. Досега сум имал пријателски мечеви против Барселона, па се радувам што ќе се сретнеме во полуфинале на ЛШ. Но, пред тоа, ние имаме друга работа која мора да ја завршиме“, рече Јирген Клоп.

Ливерпул со Клоп на клупата трети пат за четири сезони дојде до европско полуфинале. Во 2016 загубија финале во Лигата на Европа, лани во Лигата на шампионите, но во елиминациски мечеви „црвените“ со Клоп се непобедливи.

Интересно е што Ливерпул не знае за пораз на „Камп ноу“, каде што ќе треба да гостува на 30 април. Ливерпул четири пати гостувал кај Барселона и има биланс од две победи и две нерешени. Победите беа во 1976 и 2007 година, а реми беше во 2001 и 2002.

- Оглас -

Најнови вести