Клоп: Не се откажуваме од борбата за пласман во ЛШ

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, изјави дека неговите фудбалери ќе се борат за пласман во Лигата на шампионите до последното коло во Премиер лигата, иако шансите за да дојдат до првите четири позиции на табелата се мали.

Црвените моментно се наоѓаатна петтото место на табелата со четири бода помалку од четвртопласираниот Манчестер јунајтед и до крајот на сезоната, двата тима ќе одиграат по три натпревари.

„Не се откажуваме. Имаме да одиграме уште три натпревари до крајот на сезоната и ќе се обидеме да победиме на сите три. Не знам дали тоа ќе биде доволно за пласман во ЛШ, но моите фудбалери мора да слават на тие средби. Имавме проблеми оваа сезона, но следната ќе бидеме поконкурентни“, изјави Клоп кој е убеден дека Ливерпул следната сезона ќе се бори за трофеите во сите натпреварувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести