Клоп: Не знам дали уште имаме шанси за Топ 4

Минатиот викенд Ливерпул не го одигра дербито против Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“, откако навивачите на Црвените ѓаволи влегоа на теренот и протестираа поради несогласување со политиката што ја водат газдите на клубот. Сè уште актуелниот првак моментно е на седмото место на табелата со 54 бодови, дури седум помалку од четвртиот Челзи, но Ливерпул има меч за доигрување.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп не делува премногу оптимистички кога се работи за пласман во Топ 4 на крајот од сезоната. „Не сум сигурен дали уште имаме шанси за пласман во Топ 4. Секако ако ни се укаже таква шанса, ние ќе ја искористиме“, вели Клоп, кој не ги осуди протестите на навивачите на Манчестер, но потенцираше дека протестите мора да бидат мирни, без насилство.

„Еден час пред мечот ни кажаа дека на „Олд Трафорд“ има проблем. Седевме во хотел и чекавме. Потоа на телевизија видовме што се случува, а потоа ни кажаа дека мечот е одложен. Дали сум изненаден од тоа што се случи? Не. Јас верувам во демократија. Среќен сум што навивачите излегоа и го кажаа своето мислење. Слушнав дека има повреден полицаец и тоа не е добро. Протестите треба да бидат мирни и без насилство“, вели Клоп, во неговиот осврт за целата ситуација што се случуваше минатата недела.

Ливерпул утре на свој терен игра против Саутемптон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести