Клоп: Нема да му дадеме шанса на Џерард да се израдува на „Енфилд роуд“

Можеби нема да биде дерби, но сепак најочекуван меч во Англија за овој викенд е тој меѓу Ливерпул и Астон вила. На „Енфилд роуд“ главна ѕвезда ќе биде тренерот на гостите, Стивен Џерард.

Играчката легенда на Ливерпул, сега во улога на тренер на Астон вила ќе има за мисија да се обиде да ги „украде“ бодовите од легендарниот стадион. Џерард помина 17 години во тимот на Ливерпул и одигра преку 700 натпревари, а ова ќе биде прв пат да биде на „Енфилд роуд“ во улога на ривал на англискиот гигант.

Актуелниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека негова задача ќе биде воопшто да не дозволи Џерард да се израдува на утрешниот меч.

„Откако сум во Ливерпул не сум слушнал ниту еден лош збор за Џерард. Пред мечот ќе се поздравиме, а исто ќе биде и по средбата. Сепак додека трае дуелот ќе бидеме големи ривали. Тој има право да се радува ако неговиот тим даде гол, но се надевам дека нема да има повод за такво нешто. Апсолутно сум сигурен дека Џерард еден ден ќе биде тренер на Ливерпул“, рече Клоп во пресрет на утрешниот меч.

- Оглас -

Најнови вести