Клоп нема намера да си замине од клупата на Ливерпул

Марк Кошицке, агентот на тренерот на Ливерпул Јирген Клоп, изјави дека Германецот нема да си поднесе оставка.

Ливерпул сезонава игра многу послабо од очекувањата на навивачите и јавноста, освои само 16 бода од 12 меча во Премиер лигата, по што започнаа шпекулациите за заминување на Германецот, кој седма сезона седи на клупата на Црвените.

„Можам сите да ве уверам дека Јирген Клоп нема намера да си поднесе оставка од местото менаџер на Ливерпул. Податокот дека многу проблеми може да се појават е земен предвид од страна на сопствениците уште пред стартот на сезоната“, изјави Кошицке за германскиот „Скај“.

Агентот исто така вели дека Клоп ја има поддршката од сите во Ливерпул и дека сака да продолжи да работи во англискиот премерлигаш.

„Јирген има поддршка од луѓето кои се дел од управата и постојано е во контакт со нив. Го сака клубот, ги сака навивачите и играчите и е решен да продолжи и успешно да ја направи транзицијата во Ливерпул. Не залудно го продолжи договорот до 2026 година“, додава Кошицке.

- Оглас -

Најнови вести