Клоп од прв ред го гледа Тотенхем како „гази“ во ФА Купот (фото+видео)

Тoтенхем уште во првото полувреме ја заврши работата на гостувањето кај седмолигашот Марине со убедливо водство од 4-0 во мечот од третата рунда во ФА Купот.

Петлите доминираат, Карлос Винисиус блесна со хет-трик, но и Лукас Мура се приклучи на голеадата со фантастичен погодок од слободен удар, на што „од прв ред посведочи“ Јирген Клоп.

https://twitter.com/EmiratesFACup/status/1348322831256350726

Макета од менаџерот на Ливерпул се појави на „Розет парк“ стадионот кој се наоѓа во близина на градот на актуелниот англиски првак. Навивач на домаќините одбра вистински начин да привлече внимание откако со себе ја донесе макетата на натпреварот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести