Клоп откри кој играч го „спасил“ Ливерпул во победата над Челзи

Ливерпул по пауза од седум години, конечно се израдува на победа во првенството на свој терен против Челзи. „Црвените“ се радуваа со 2-0, триумф кој ги врати на првото место на табелата во Премиер лигата и ги остави со реални шанси дека може да стигнат до титулата пред најголемиот ривал Манчестер сити.

Садио Мане и Мохамед Салах во второто полувреме го скршија отпорот на гостите. Двата гола беа постигнати во растојание од 2:22 минути. Тренерот на Ливерпул ги пофали сите играчи, но сепак одвои еден кого го смета за „спасител“ на овој меч.

„Кога Челзи реши да ја промени формацијата, тие создадоа неколку шанси, но тука беше Алисон Бекер да нѐ спаси. Тогаш можеше целосно да се промени мечот. Азар имаше статива, а Алисон му одбрани и два шута. Потоа се консолидиравме и влеговме во наш ритам. Одигравме фантастично, атмосферата беше феноменална и овие три бода се многу значајни“, рече Клоп.

Ливерпул нема многу време за одмор бидејќи веќе в среда ќе гостува кај Порто, во реванш-мечот од четвтфиналето на Лигата на шампионите. Англискиот гигант има предност од 2-0 и ако не дозволи големо изненадување, ќе биде дел од четирите најдобри клуба во Европа за оваа сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести