Клоп откри што би направил тој да е на местото на Џерард: Ако можам да помогнам на Борусија или Мајнц…

Стивен Џерард нема освоено титула со Ливерпул во Премиер лигата, но сега, некогашниот играч на Црвените има шанси да помогне на својот поранешен клуб. Како тренер на Астон вила, Џерард ќе треба да најде начин како да го задржи Манчестер сити да не победи, а со тоа да му даде шанса на Ливерпул да стане првак.

На едно коло до крајот во Премиер лигата, разликата меѓу Сити и Ливерпул е само еден бод во корист на Граѓаните. Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека тој да е на местото на Џерард и да може да му помогне на својот поранешен клуб, би направи се што може за да успее во тоа.

„Како се чувствува Џерард ќе можам да знам сако ако се ставам во неговата позиција. Кога јас би играл таков меч, кога би можел да му помогнам на мојот поранешен клуб, Борусија или Мајнц, тоа би ми била дополнителна мотивација. Не треба воопшто да му се јавувам на Џерард пред мечот, тој сигурно својата работа максимално ќе си ја заврши. Јас не сум му се јавил, но веројатно сите други од клубот веќе му се имаат јавено“, рече Клоп.

Манчестер сити дома игра против Астон вила, а Ливерпул на свој терен го пречекува Вулверхемптон.

- Оглас -

Најнови вести