Клоп: Пеколен „Енфилд“ за триумф над Наполи

Утрешниот дуел против Наполи за Ливерпул е да се биде или не. На минатогодишниот финалист му е потребна победа со разлика од два гола за да се пласира во нокаут-фазата од Лигата на шампионите, а менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп, смета дека атмосферата на „Енфилд“ ќе треба да биде посебна.

„За разлика од гостувањето во Париз, во Неапол и Белград не бевме доволно добри. Покажавме добра игра, но со пораз се вративме од сите три гостувања. Досега на домашен терен бевме одлични, но утре ќе мора да бидеме многу, многу подобри од порано. Доколку нема чудни одлуки од арбитрите, ќе го добиеме она што го заслужуваме. За да го осигураме пласманот во нокаут-фазата, мора да бидеме одговори, но и да играме како што знаеме и да го контролираме мечот против Наполи. Атмосферата на „Енфлид“ мора да биде пеколна, поддршката од трибините да ни биде ветар во грб кој ќе нè води до посакуватана цел“, истакна Клоп во пресрет на последниот дуел од групната фаза во ЛШ за оваа сезона.

Дуелот помеѓу Ливерпул и Наполи е закажан за утре, во терминот од 21 часот. Во групата Ц, по пет средби, Наполи е на лидерската позиција со девет бода, втор се ПСЖ со еден бод помалку, Ливерпул има шест, а Ц. Ѕвезда е на четвртото место со четири бода.

- Оглас -

Најнови вести