Клоп побара Ливерпул да им забрани на фудбалерите да играат за репрезентациите

Март е месец кога се разжештува битката во клускиот европски фудбал, но тоа сега е и месец во кој започнуваат квалификациите за пласман на Светското првенство 2022 година во Катар. Според распоредот на УЕФА, дури три термини има во март наменети за националните селекции.

Фудбалерите кои се жртви на пеколното темпо во клупскиот фудбал, ќе треба брзо да се прилагодат и за мечевите во репрезентациите. Сепак, како што пишуваат англиските медиуми, може да се случи некои клубови да не сакаат да ги пуштат играчите за настап на национално ниво.

Прв кој е за такво нешто е Јирген Клоп од Ливерпул. Германскиот стратег побарал од првите луѓе на клубот да се стави забрана за фудбалерите да не смеат да заминат на репрезентативни обврски.

„Не може сите да бидат среќни, иако ја разбирам потребата на фудбалските федерации. Клубовите ги плаќаат фудбалерите, што значи дека ние треба да бидеме на прво место. Во овој момент, едноставно, не можеме сите да бидеме среќни“, изјави Клоп.

ФИФА објави дека клубовите може да одбијат да ги пуштат фудбалерите за репрезентативни собири доколку по враќањето во државата за клупски обврски, играчот мора да оди во карантин подолго од пет дена.

„Не знаеме што ќе се случи од сето тоа. Ќе мора да почекаме да се донесе конечна одлука. Мислам дека сите се согласни дека не можеме да ги пуштиме играчите, а потоа, по враќањето, да ги држиме во изолација 10 дена“, вели Клоп.

 

- Оглас -

Најнови вести