Клоп поради иста причина ги одбил Реал Мадрид и Манчестер ј.

Јирген Клоп со години е еден од најдобрите тренери во светот. Стратегот кој се докажа во Мајнц, а потоа се стекна со слава во Борусија Дортмунд, сега со успех го предводи Ливерпул. Клоп успеа да го одведе Ливерпул до европската титула, а екипата сега е лидер во Премиер лигата и прв фаворит за титулата.

Пред да потпише за Ливерпул, Клоп беше цел на повеќе европски гиганти, а легендата на Ливерпул, Роби Фаулер, откри зошто Германецот се решил да дојде на „Енфилд роуд“.

„Пред неколку години правев интервју со Клоп и тогаш ми откри дека одбил неколку понуди од европски гиганти. Дефинитивно меѓу тие екипи беа Реал Мадрид и Манчестер јунајтед. Сепак ги одбил бидејќи не му се допаѓаше тоа што се премногу комерцијализирани“, открива Фаулер.

- Оглас -

Најнови вести