Ливерпул ја продолжи победичката серија во новата сезона. По петте триумфи во Премиер лигата, синоќа „црвените“ се радуваа и во Лигата на шампионите. Во дербито на денот, Ливерпул во драматичен меч со 3-2 славеше против Пари Сен Жермен. Французите се меѓу фаворитите и за освојување на трофејот, но на „Енфилд роуд“ потклекнаа.
„Сè беше прекрасно. Игравме храбро и со многу страст. Добро се браневме и не му дозволивме на противникот да ја покаже силата. Против тим каков што е ПСЖ не може да играш со 95 отсто од силите. Мора да играш максимум за да имаш шанси да победиш. Ако овој меч се одиграше пред 2-3 години, многумина ќе кажеа дека Ливерпул е аутсајдер и дека нема да има шанси. Сега е поинаку“, вели задоволно тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.
Ливерпул имаше предност од 2-0, но потоа „светците“ стигнаа до 2-2 и се чинеше дека ќе биде нерешено, Сепак, во 92-рата минута Фирмино погоди за ерупција на домашните навивачи и продолжување на победничката низа на англискиот гигант.