Клоп сака да направи малер или е искрен? Не знам како Сити може да загуби уште бодови

Ливерпул сезонава веќе се израдува на два трофеи и во своите витрини ги доведе пехарите од Лига Купот и ФА Купот. Со тоа, Ливерпул го продолжува сонот да стане првиот англиски клуб кој во една сезона може да освои четири титули.

Ливерпул ќе игра во финалето на Лигата на шампиони, а уште е во трка за титулата и во Премиер лигата. Сепак, Ливерпул не е во пол позиција за шампионскиот пехар во првенството затоа што Манчестер сити е прв. Тимот на Јирген Клоп вечерва игра против Саутемптон, а германскиот стратег делува песимистички кога се работи борбата за трофејот, иако најавува освојување на три бода вечерва.

„Треба да ги имаме сите опции во игра. Против Саутемптон ќе излеземе со тим кој ќе има една цел, а тоа е да победи. Тоа што во Фа Купот одигравме 120 наместо 90 минути има големо влијание. Не знам кога Сити загубил бодови на два меча по ред. Не очекувам Сити да загуби бодови во последното коло. Против Саутемптон ќе го играме 60-тиот меч сезонава. Саутемптон кога играше последен пат? Пред 10-12 дена? Ние сме исцрпени, но ќе се обидеме да победиме“, рече Клоп.

- Оглас -

Најнови вести