Клоп: Салах и Мане не пијат алкохол, затоа се толку добри и издржливи

Мохамед Салах и Садио Мане последниов месец одиграа по седум меча на Африканскиот куп на нации, но заморот кај нив не се чувствува, тие после враќањето во Ливерпул, играат добро и во Премиерлигата и во Лигата на шампионите.

Ниту Сенегалецот ниту Египќанецот, не бараа да добијат одмор после напорите на континенталното првенство.

Тренерот Јирген Клоп неодамна изјави дека знае што е причината за издржливоста на двајцата Африканци кои добро ги поднесуваат сите напори.

„Двајцата не пијат алкохол. Го немаат проблемот кој ги убива фудбалерите, или го продолжува времетраењето потребно за рехабилитација. Не пијат, и затоа беа спремни да играат уште утредента после финалето на Африканското првенство. Тие се сила на природата, се надевам дека секогаш ќе останат такви“ – изјави Клоп.

Ливерпул во 2020 година кога ја прослави историската титула во Премиерлигата, шампањот со кој се полеваа играчите беше безалкохолен, од почит кон Салах, Мане и Наби Кеита кои се муслимански верници.

- Оглас -

Најнови вести